top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Златна рамка“ за Тонкица Митровска, Трајче Величковски и Јовица Михајловски

Добитник на почесната награда „Златна рамка“ за филмски автор на годината, која се доделува на истоимената манифестација на филмаџиите и публиката од страна на Друштвото на филмски работници, е Тонкица Митровска, дипломиран графичар. Таа е и една од првите автори кои работат на анимиран филм во Македонија.

Почесната награда за филмски работник е доделена на Трајче Величковски, човекот кој ја има најценетата позиција како сценски работник, односно техничко лице кое е во тесна соработка со директорите на фотографија. Во изминатата декада работи на најголемите македонски филмски проекти.

Јовица Михајловски, пак, еден од актерите кои има изиграно најмногу улоги во македонските филмови низ овие три децении e добитник на почесна „Златна рамка“ за филмски актер.

Наградите ќе им бидат врачени на официјалната церемонија за доделување на „Златна рамка“ која ќе се одржи во сабота, 26 јуни. „Златна рамка“ годинава се одржува по трет пат, во период од 25 до 27 јуни во МКЦ и Кинотека на Македонија.


1 view

Comments


bottom of page