top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Египќаните се тотално неспремни: Водителот од прес службата на ИХФ не знаеше кои репрезентации играл

18.01.2021 ЈАНУАРИ ПОНЕДЕЛНИК

Многу од учесниците на Светското првенство во Египет се жалат на условите кои се поставени од страна на организаторот на овој Мундијал.

Речиси сите се жалат на сместувањето во хотелите каде има и туристи со кои слободно може да се разминат, непочитувањето на протоколите, долгите патувања од хотел до сала и слично.

Египет очигледно тотално неподготвен го дочека стартот на најголемата ракометна светска смотра, а за тоа говори и последниот „инцидент“ кој се случи по натпреварот помеѓу Шпанија и Полска.

Официјалниот модератор на прес конференцијата не знаеше кои репрезентации играле на тој натпревар, па мораше да праша кој е противникот на репрезентацијата на Полска.

Еден од најдобрите ракометари на Полјаците, Мациј Гебала, упати урнебесна реакција од која јасно можеше да се прочита неговата гестикулација со која се прашува каде воопшто се дојдени да играат.






3 views

Comments


bottom of page