Дру Баримур по грешка му испратила непристојно видео на тинејџер
Холивудската актерка Дру Баримур (46) имала намера на својата блиска пријателка Камерон Дијаз да ѝ испрати видео клип како се облекува, но на крајот клипот завршил кај 16-годишно момче. Во текот на нејзината емисија „Дру Баримор шоу“ таа ги праша гостите Нина Добрев, Џулијана Хју и вториот водител Рос Метјус дали некогаш испратиле непристојна порака на погрешна личност, и потоа ѕвездата рече: „Еве иронија, ама нема да го кажам името.“ „Моја најдобра пријателка е Камерон Дијаз и јас ѝ пратив видео на кое се облекувам. „Но, испадна дека сум го испратила на шеснаесетгодишно момче. Како и да е, долга приказна.“ Момчето ветило дека нема да го сподели клипот со никого, иако таа не смета дека е секси клип. Дру рече во емисијата: „Јас само се облекувам и не сум секси, јас не го правев тоа танцувајќи, се обидував да направам мултитаскинг, а таа е моја најдобра пријателка и ние постојано се облекуваме една пред друга“. На актерката ѝ олеснило што Метју бил доволно љубезен и милостив да не го сподели клипот.
コメント