top of page

Дизни ја одложи премиерата на „Црна вдовица“

24.03.2021 mart sreda „Волт Дизни ко“ во вторникот (23 март) ја одложи светската премиера на „Црна вдовица“ од студиото Марвел за два месеца до јули и соопшти дека филмот најверојатно ќе се прикажува истовремено во киносалите и на стриминг-платформата „Дизни плус“ за одредена сума. Кино-операторите се надеваа дека филмскиот спектакл со Скарлет Јохансон во главната улога ќе ја започне летната сезона на блокбастери на почетокот на мај и ќе ги привлече луѓето назад во киносалите по долготрајното затворање среде пандемија. Скарлет ја глуми Наташа Романоф, поранешна руска шпионка која станува суперхерој.



 
 
 

Comentarios


bottom of page