Градовите домаќини подготвени за ЕП 2020?
07.04.2021 April Sreda
ФУДБАЛ
Сите 12 града домаќини на Европското првенство (ЕП) ѝ најавија на Европската фудбалска унија (УЕФА) дека ќе можат да примат гледачи на трибините, пред денешниот краен рок за потврда на тие бројки, пишува британскиот весник „Дејли мејл“. Потоа, до 28 април, треба да ги зголемат тие бројки, во очекување пандемијата да се смири. УЕФА се надеваше дека до крајот на неделава ќе ја донесе одлуката дали сите 12 града ќе бидат домаќини или ќе има некои измени, но, како што стојат работите, можно е натамошно одложување за тоа, бидејќи континентот се бори со новиот наплив на пандемијата на коронавирусот. Претпоставките се дека тоа треба да се реши до 20 април, до Конгресот на УЕФА, пишува британскиот весник „Дејли мејл“.
– Имаме неколку сценарија, но единствената гаранција што можеме да ја дадеме е дека опцијата за играње на кој било натпревар на ЕП 2020 на празен стадион не доаѓа предвид – изјави претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, минатиот месец, пишува „Дејли мејл“.
Извештајот во „Ирски тајмс“ минатата недела сугерираше дека ирската влада е информирана оти може да биде потребен праг од најмалку 25 отсто исполнетост на стадионот во Даблин, за да се одиграат четирите меча. Доколку Ирска не биде во можност да ги задоволи барањата на УЕФА, се очекува тие натпревари да се играат во Англија, на стадионот на Тотенхем во Лондон, пишува „Дејли мејл“. Ситуациите и разликите меѓу градовите и земјите се големи. Во Русија локалниот организациски комитет соопшти дека ќе дозволи 50 отсто исполнетост на арената во Санкт Петербург, која има капацитет од 68.000 места, пишува „Дејли мејл“. Копенхаген се обврза на 12.000 гледачи на стадионот, што е 30 отсто од капацитетот, на четирите натпревари, ако не дојде до ескалација на пандемијата на коронавирусот. Стадионот „Вембли“, кој е домаќин на седум натпревари, наводно ѝ соопштил на УЕФА дека се надева оти ќе може да прими 45.000 гледачи, што е 50 отсто од капацитетот, на полуфиналињата и на финалето итн.
Comments