top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Град на културата 2021: Во Струмица годинава 155 културни настани, официјална програма од јуни

Општина Струмица „Град на културата 2021“ годинава планира да реализира вкупно 155 настани, а официјалната програма ќе се објавува првиот ден секој месец почнувајќи од јуни. Надлежните од Општината посочуваат дека по објавувањето на носителот на манифестацијата која се случи деновиве, веќе од средината на овој месец Струмица ќе реализира културни настани.

„Во план е манифестацијата ‘Град на културата 2021’ да опфати 155 настани во зависност од ситуацијата. Мал дел е веќе реализиран во април, а останатите предвидени активности се планирани од средината на мај па се до крајот на годината. Јавноста исто така ќе има можност секој први во месецот да ја дознае и програмата која ќе се реализира во тековниот месец и тоа според концептот почнувајќи од 1 јуни, конкретно со дата, час и локација за одвивање на настанот. Програмата ќе се состои од настани претежно реализирани од домашни уметници и учесници, а во координација со институциите кои ќе учествуваат во културните случувања. Ќе бидат опфатени настани од литературата, филм, театар, музика, фолклор, уметност и интердисциплинарни проекти“, вели Петар Божинов од Општина Струмица.

Од Општината посочија дека ќе стават во функција голем број инфраструктурни и човечки капацитети со што ќе се овозможи богата културна содржина во текот на целата година. Струмица која беше избрана во конкуренција со градовите Тетово, Кавадарци, Велес и Дебар, во доставената апликација велат, нуди квалитетна и богата културна програма, со содржини од сите дејности на културата.

Од општина Струмица беше посочен и фактот што од вкупниот предвиден буџетот за реализација на програмата во висина од 15.150.000 денари, од Министерството за култура е побарано само 2.970.000 денари што претставува 19.6 проценти од вкупно предвидениот буџет. Со тоа, од страна на општина Струмица ќе бидат покриени останатите финансиски средства во висина од 80,4 проценти, со што во споредба со преостанатите поднесени пријави, општина Струмица ќе учествува со најголем процент со сопствени финансиски средства за реализација на програмата.

„Во изработката на апликацијата биле вклучени сите установи од областа на културата во Струмица: „Завод и Музеј“ Струмица, Центарот за култура „Антон Панов“, библиотеката „Благоја Јанков Мучето“, во координација со општината.

Манифестацијата „Град на културата“ иницирана од Министерството за култура, прифатена и поддржана од општините во државата започна да се реализира во 2004 година и од тогаш континуирано, општините учествуваат во културниот натпревар на идеи преточен со презентација на бројни јавни настани“, велат и од Министерството за култура. (Д.Т.)


1 view

Comments


bottom of page