Глупав сум ама не до толку да користам кокаин пред камера, вели Италијанецот кој победи на Евровизиј
По победата на Италија на Евровизија, почнаа да кружат обвинувања дека фронтменот на групата, Дамијано Давид, конзумирал кокаин пред камерата, а видеото, кое не покажува јасно што се случува, ги преплави социјалните мрежи. Дамијано веднаш ги негираше обвинувањата и соопшти дека ќе биде тестиран за да докаже дека во неговото тело нема забранети супстанци. По враќањето во Италија, тој го даде своето прво интервју во кое, меѓу другото, зборуваше за скандалозната снимка за време на Евровизија. „Никогаш во животот не сум користел кокаин и сигурно нема да почнам за време на директен пренос пред цела Европа“, рече Дамијано и продолжи: И тоа, пред камера што е насочена кон моето лице?! Тоа е затоа што сум глупав? Да, но не до толку – додаде Дамијано. Шведски новинар по победата на фестивалот го праша пејачот дали користел кокаин на Евровизија, објави „Њујорк тајмс“. Одговорот на Дамијано беше дека тој не се дрогира, по што групата „Манескин“ се огласи со објава на нивниот официјален профил на „Инстаграм“. „Навистина сме шокирани што некои луѓе велат дека Дамијано користел дрога. Ние сме против дрога и никогаш не сме користеле кокаин. Подготвени сме да се тестираме затоа што нема што да криеме. Тука сме да ја претставиме нашата музика и многу сме среќни за нашата победа на Евровизија. Сакаме да им се заблагодариме на сите за поддршката. Рокенролот никогаш не умира. Ве сакаме“, се наведува во соопштението на групата „Манескин“.
Comments