top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во клуб „9“ во Капиштец, перформанс со наслов „9“

09.02.2021 februari vtornik

Во клубот „9“ во трговскиот центар „Беверли хилс“ во Капиштец денеска, со почеток во 9 минути до 12 часот, ќе се одржи перформанс со наслов „9“ со учество на писатели, ликовни уметници, спортисти, универзитетски професори, актери, естрадни ѕвезди, дипломати и новинари, под покровителство на лајонс клубот „Вардар“.

Ликовниот уметник и хуманист Живко Поповски-Цветин на фудбалската легенда Дарко Панчев ќе му подари уметничка слика, осликана фудбалска топка и чаша со златна деветка.

На настанот ќе биде претставена и драмата „9“ од Гоце Ристовски.

Во перформансот ќе учествуваат и актерите Благоја Чоревски и Мето Јовановски, проф. д-р Мишо Нетков, меѓународниот шаховски мајстор Димитар Илиевски, музичарот и актер Ључо Ангелов, музичката легенда Драган Мијалковски и други.

Манифестациајта ќе се одржи согласно здравствение протоколи.


2 views

Comments


bottom of page