top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Во Австралија украле 250 тони лосос вреден милиони

19.01.2021 Јауари Вторник

Две жени и тројца мажи се обвинети за кражба на речиси 250 тони лосос во вредност од над четири милиони австралиски долари (околу три милиони американски долари) од фабрика за преработка во Сиднеј, соопшти полицијата од Нов Јужен Велс. Полицијата почнала истрага во декември минатата година кога извршен директор на компанија за одгледување и преработка на лосос открил дека дневно исчезнуваат околу 600 килограми лосос од неговата фабрика за преработка во Инглбурн, град југозападно од Сиднеј. Истрагата резултирала со апсење две работнички и тројца работници во фабриката. Сите тие веднаш добиле откази. Полицијата извести дека петмината вработени во фабриката ги користеле своите позиции за лажно да оценуваат врвни производи од лосос како отпаден материјал, што потоа го ваделе од фабриката во свој аранжман и го продавале или разменувале за други производи. Полицијата објави дека наведените работници, членови на синдикатот, наводно украле над 250 тони лосос во периодот меѓу јуни и декември 2020 година.



3 views

Comments


bottom of page