Вил Смит ќе глуми во нов трилер на Дејвид Лич
09.02.2021 februari vtornik Вил Смит ќе ја има главната улога во нов трилер Fast & Loose („Брзи и лабави“) во режија на Дејвид Лич. Проектот е развиен на STXfilms со Дејвид како продуцент, но во меѓувреме ниту една sвезда не беше ангажирана, а развојот доби побрзо темпо откако Вил се согласи да го претвори во негов следен филм. Приказната следи еден човек кој се буди откако бил оставен како мртов, без сеќавање. Тој следи низа траги за да го открие својот идентитет и открива дека живеел два различни животи. Во едниот, тој е успешен крал на злочинот, опкружен со убави жени, скапи играчки и раскошен начин на живот. Во другиот, тој е таен агент на ЦИА, но со оскудна плата, без семеен живот и со нула успеси. Сепак, тој не може да се сети кое од овие две лица е неговиот вистински идентитет и кој живот всушност сака да го живее.
Comments