Search
Бри Ларсон навести проект со колешката од „Марвел“, Теса Томпсон
- Aleksandar Santovski
- Mar 4, 2021
- 1 min read
04.03.2021 mart cetvrtok
Двете глумат во кинематографскиот универзум на „Марвел“ како Капетан Марвел и Валкири и исто така кратко го споделија екранот во „Одмаздници: Ендгејм“, а Бри се огласи на социјалните мрежи за да навести дека работат на нешто ново. Како одговор на објава на „Твитер“ од фан што сподели фотографија од Бри и Теса, Бри напиша: „Ние готвиме нешто…!“ Бри претходно откри дека таа и нејзините колешки актерки од Марвеловиот универзум му се обратиле на претседателот на студијата „Марвел“, Кевин Фејџ, со идеја за снимање филм во кој актерскиот тим ќе биде составен само од жени.

コメント