Бразил ќе има континентален првак
15.01.2021 Јануари Петок
ФУДБАЛ
Бразилските Палмеирас и Сантос, првите две екипи во групната фаза, победија на дуелите со аргентинските Ривер плата, односно Бока јуниорс во полуфиналето на Копа либертадорес и се пласираа во финалето, во кое ќе играат за титулата фудбалски првак на Јужна Америка, пишува Светската фудбалска федерација (ФИФА) на својата интернет-страница. Ова ќе биде четврти пат кога во одлучувачката средба на турнирот ќе се натпреваруваат два тима од иста земја, а третпат меѓу бразилските клубови. Бразил последен пат ги даде двата финалиста на Копа либертадорес во 2006 година, кога Интернасионал го победи Сао Пауло пред да ја победи и Барселона во финалето на Светското клупско првенство. Финалето, кое е се игра како единечен натпревар, треба да се игра на 30 јануари, на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро. Победникот ќе ја претставува Јужна Америка на претстојното Светско првенство за клубови во Катар, кое треба да се игра од 1 до 11 февруари. Палмеирас во првиот меч на гости го победи Ривер плата со 3-0, а дома загуби со 0-2. Без голови заврши првата средба помеѓу Бока јуниорс и Сантос, а потоа во реваншот Сантос славеше со 3-0.
Comments