Богата програма во КИЦ: Ден на пијаното – Скопје по петти пат
- Aleksandar Santovski
- Mar 24, 2021
- 1 min read
24.03.2021 mart sreda Меѓународниот ден на пијаното (27 март) ќе се одбележи во Културно-информативниот центар во Скопје (салонот „19 19“) во 12 часот, со промоција на циклус пиеси за пијано, како и пијано-концерт „Звуците на класиката“ .
Настанот, кој се одбележува по петти пат кај нас, се одржува во организација на м-р Светлана Димитриевска, професорка по пијано во државното музичко и балетско училиште „Илија Николовски-Луј“.
“Целта на овој ден е да се споделува вековната радост од свирење на пијано, откривањето на новите звуци и трендови, како и да се создава платформа за настани што можат да се поврзат со пијаното, заради славењето на пијаното да биде еден од најрадосните празници, сплотен со радоста и убавината што ги носат и другите уметности“, се вели во најавата за настанот. Инаку, Денот на пијаното се одржува еднаш годишно, на 88-от ден во годината, затоа што тоа е бројот на клавишите на пијаното.
По повод пет години јубилеј на настанот “Ден на пијаното Скопје“, ќе има и доделување дипломи – за надежен млад пијанист, надежен млад композитор, најуспешна концертна изведба и најуспешен странски изведувач.
За наградите ќе одлучува комисијата во состав: проф. д-р Марија Ѓошевска, м-р Светлана Димитриевска, м-р Марија Максимова и проф. Дамјан Темков.

Comments