Search
Анџелина Џоли позира со рој пчели на неа за Светскиот ден на пчелата
- Aleksandar Santovski
- May 21, 2021
- 1 min read
Анџелина Џоли помогна да се привлече внимание за Светскиот ден на пчелата во четвртокот, 20 мај. Актерката и активистка (45) се здружи со National Geographic да разговараат за зачувување на пчелите, подигање на свеста за нивната важност, заканите со кои се соочуваат и нивниот придонес кон одржливиот развој. На неа слетаа кошница инсекти за фотографија шт го одзема здивот, а ја направи фотографот и пчелар аматер Ден Винтерс. Оваа фотографија е во знак на поддршка на Светскиот ден на пчелата.


댓글