top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Анри ќе добие понуда за менаџерска работа во англиски клуб

17.02.2021 februari sreda

Тјери Анри наскоро би можел да се врати во Англија и да биде менаџер на екипа од Чемпионшип. Поранешниот француски репрезентативец е интересен за некогашниот премиерлигаш Бурнмаут, но за реализација ќе биде потребно да се откаже од актуелната функција. Анри во моментов го води членот на МЛС, екипата на Монтреал, па одговорните во Бурнмаут најавија дека ќе побараат дозвола за преговори од раководството на канадскиот состав. Во моментов второлигашот го води Џонатан Вудгејт кој е привремен менаџер од 3. февруари, а екипата се наоѓа на шестото место во Чемпионшип. Покрај Анри во комбинација за менаџерската позиција е и Дејвид Вагнер, кој неодамна беше отпуштен од Шалке 04 по катастрофалната резултатска серија.


3 views

Comments


bottom of page