top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Happy 13“ – композиција на Тадиќ и Холцверт инспирирана од „Поступано оро“

19.02.2021 februari petok

Светски познатиот гитарист и композитор Мирослав Тадиќ со виолинистката Ивет Холцварт неодамна ја промовираше композицијата „Happy 13“, која е инспирирана од македонскиот танц „Поступано оро“.

Оваа песна е и најава за нивниот иден студиски албум „Лука“, кој наскоро ќе биде објавен за „Кроација Рекордс“. Како што соопшти „Кроација Рекордс Македонија“, со ова продолжува фасцинацијата, големата љубов и респект на Тадиќ кон македонскиот традиционален мелос. Дуото се истакна во 2019 година со нивниот настап на сцената „Амадео“, а новата песна и албум е нивниот прв дискографски проект.

– Песната „Happy 13“ носи топла и оптимистичка порака што очајно ни треба на сите овие денови. Таа се заснова на традиционалниот македонски танц „Поступано оро“, кое што има невообичаена метрика: 13/8. Тој број 13 се смета за несреќен во целиот свет и затоа оваа позитивна песна сакав да ја наречам „Happy 13“ – Среќна 13-ка. Друга интересна работа е што може да се третира како „world music“, но и како камерна музика, затоа што е напишана на таков начин што може да ја изведуваат и класични музичари, појаснува Мирослав Тадиќ.

Инаку, како што информираат во соопштение, албумот „Лука“ е нивниот прв заеднички проект, но дуото соработува уште од 2016 година, а тие пред хрватската публика се претставија во летни амбиенти на Крк, Бриони, Задар, Шибеник, Загреб…

– Фасциниран сум од нејзината мајсторија не само како инструменталист, туку и како пејач и поет, а нејзиното чувство за музика од нашите простори е исклучително, истакнал Мирослав Тадиќ за Ивет Холцварт. Мирослав Тадиќ живее и работи во САД, како професор по акустична и електрична гитара во Лос Анџелес на престижниот Институт за уметност на Калифорнија. Тој е прогласен за еден од 30-те најрадикални и најпосебни гитаристи во светот од реномираниот „Гитар Плеер Магазин“.


1 view

Comments


bottom of page