75. роденден на Драмски во услови на пандемија
20.04.2021 April Vtornik
“Седумдесет и петтиот роденден на Драмскиот театар (21 април 1946 – 21 април 2021 година) за жал не можеме да го наречеме среќен и да го прославиме на начин како што му доликува на Драмски: со сите актери на сцена, со цела техника, со полн салон, со аплауз. Со надеж и верба дека оваа празнотија во театарот е привремена, ние работиме и чекаме нашата енергија, талент и магија да ги споделиме со оние на кои им е наменет театарот – публиката!“, вели директорката на Драмски, Катарина Коцевска Хаџи Василева.
75 години овој театар живее и го чува духот на сите големи актерски имиња кои го полнеле храмот на уметноста со смеа, солзи, аплаузи.
Му посакуваме сите следни родендени да бидат прославени со цел ансамбл, со полн салон и со љубов.
Comments