top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Шик: Го видов голманот, а проверив и во првото полувреме каде стои

Чешка ја победи Шкотска со 2-0 на стадионот „Хампден парк“ во Глазгов, со двата гола на Патрик Шик, од кои вториот од центарот на игралиштето и кој сигурно ќе биде во конкуренција за најубав на Европско првенство (ЕП) во фудбал. Голот на Шик веројатно ќе влезе во аналите на европските првенства, меѓу кои незаборавни се оние, на пример, на Антонин Паненка од континенталното првенство во 1976 година, на Марко ван Бастен од ЕП 1988, на Пол Гаскоњ од ЕП во 1996 година, на Хал Робсон-Кану од ЕП 2016 итн.

– Секогаш е тешко да се игра против нас, имаме многу вредни играчи. Шкотска беше тежок противник, но бевме подготвени за нивната тактика. За вториот гол го видов голманот надвор од 16-те метри. Проверив и во првото полувреме каде стои – изјави Шик.


4 views

Comments


bottom of page