top of page

Почина Тоше Поп Симонов, бардот на македонската забавна музика

19.04.2025 April Sabota

На 63 години почина Тоше Поп Симонов, еден од најзначајните композитори, продуценти и аранжери во современата македонска музика. Тој остави особено длабока трага во македонската музика во 90тите соработувајќи со речиси сите познати имиња од поп, рок, па и фолк-сцената во земјава и со изведувачи од регионот.

Поп Симонов ја почна својата музичка кариера во 80тите, како еден од основачите и гитарист на култната рок-група „Бастион“, а потоа и гитарист на рок-групата „Асторија“. Тој остави особено длабока трага во македонската музика во 1990-тите соработувајќи со речиси сите познати имиња од поп, рок, па и фолк-сцената во земјава и со изведувачи од регионот. Меѓу другите, ги промовираше Ена Веко и „Студени нозе“. Ги создаде некои од најголемите хитови, „Велигден“ на Џина Папас Џокси, „Време за плачење“ на Игор Џамбазов, „Се ла ви“ на Јаков Дренковски, „Кучкин син“ на Верица Пандиловска, „Кучето мое“ на „Студени нозе“…

Поп Симонов имаше соработки со Тоше Проески, „Мизар“, Владо Јаневски, „Меморија“, Дарио, „Силви бенд“, „Анастасија“, Дуле и Коки, „Куку леле“, Верица Пандиловска и многубројни други.

Погребот ќе се одржи во вторник, на 22 април 2025 година, на градските гробишта во Бутел од 11:30 часот.


 
 
 

Comments


bottom of page