top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Промоција на „Да ти се погоди да живееш во интересни времиња“ од Дамчевска

Вечерва, со почеток од 20 часот во МКЦ ќе се одржи промоција на „Да ти се погоди да живееш во интересни времиња“ – книга авторски колумни од Весна Дамчевска.

Книгата „Да ти се погоди да живееш во интересни времиња (културолошки ставови и искуства)“ е избор од осумдесетина авторски колумни пишувани во последниве десетина години и објавувани, главно, во рубриката „Наш став“, но и страниците за култура и прилогот „Лик“ во дневниот весник „Нова Македонија“. Преобјавени се хронолошки, од најновите до најстарите, заради подобро разбирање на некои теми што се поврзани со одредени настани и поводи.

„Во фокусот на нејзиниот авторски интерес се процесите во современата култура, продукциските, консумеристичките, естетичките и политичките аспекти на културата, феминизмот и антифеминизмот, естетиката на рецепцијата, манифестациите и калкулациите со поимите на популарното, убавото/неубавото… Иако темите опфатени во оваа книга се однесуваат на невеселата сегашност, таа не форсира одреден поглед на светот, но испраќа порака зошто уметноста и културата како документи на една временска епоха треба да се сфатат сериозно. Насловот на книгата ‘Да ти се погоди да живееш во интересни времиња’ (преземен од еден од вклучените текстови во книгата, а по повод темата на 58. Венециско биенале на уметност) е алузија на познатата англиска фраза, долго време погрешно цитирана како стара кинеска клетва, која се однесува на периодите на несигурност, кризи и превирања, на лажни вести и уништени вредности, на ‘интересните времиња’ какви што се овие што ги живееме денес“, ќе посочи промоторот Александар Прокопиев.

Весна Дамчевска (1977 година, Скопје) е новинарка, уредничка, авторка.


0 views

Kommentare


bottom of page