top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Метју Пери го продаде раскошниот пентхаус во Лос Анџелес

16.06.2021 Juni Sreda

По многуте намалувања на цената, актерот Метју Пери, конечно, го продаде својот раскошен пентхаус за 21,6 милион долари. Продажбата на резиденцијата, наречена палата на небото, претставува најскапа продажба на апартман во јужна Калифорнија во последните шест години, наведува „Лос Анџелес тајмс“. Преземајќи го целиот 40. кат на високиот станбен комплекс Century Tower во Лос Анџелес, импресивниот имот може да се пофали со четири спални соби, шест бањи и, секако, неспоредлив поглед кон градот. Од дневната соба до бањата – секој сантиметар од апартманот има неверојатен видик.




2 views

Comments


bottom of page