top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Говорот пред големото финале: Како Манчини ги инспирираше Италијанците да слават на „Вембли“

13.07.2021 Juli Vtornik

Италија ја доби битката со Англија и по втор пат во својата титула се израдува на трофејот на Европските првенства.

Италијанците беа одлични во групната фаза, додека пак во елиминациите добија само еден меч во регуларниот дел и тоа оној против Белгија во четвртфиналето. Тие играа продолженија против Австрија во кое го скршија отпорот на противникот за да потоа против Шпанија и Англија се изборат за славје по изведување на ударите од 11 метри.

Најзаслужен за овој резултат е дефинитивно селекторот Роберто Манчини кој формираше една убава целина, дружина која максимално се бори за секој сантиметар од теренот. Искусниот стратег имал едноставен говор пред финалето, говор кој се појави во јавноста во кој јасно се гледа колку малку треба да да се разбере и ги мотивира избраниците.

Откако го соопшти тимот и се пошегува дека Спинацола ќе игра, Роберто порача:

-Немам што повеќе да ви кажам. Знате кои сте, овде не сме случајно. Ние сме господари на нашата судбина, не се судиите, противниците, никој, вие знаете што треба да направите, -порача предводникот на сега веќе новиот европски првак.


1 view

Comentários


bottom of page