Блејк: Ѓоковиќ е најдобар во тоа, трката за „GOAT“ не е готова
13.07.2021 Juli Vtornik
Новак Ѓоковиќ ја потврди улогата на апсолутен фаворит и славеше на третиот календарски грен слем Вимблдон.
Првиот светски рекет дојде до 6. триумф во Лондон, вкупно 20 грен слем во кариерата и тоа откако во финалето го надигра Метео Беретини со 3-1 во сетови. Поради неговата игра и сетоа ова што го постигна во оваа година и низ кариерата се поставува прашањето дали Новак може да биде најголем тенисер на сите времиња со оглед на тоа што сега е израмнет со Рафаел Надал и Рожер Федерер, а воедно е помлад од нив двајца.
-Ова е навистина импресивно. Сега има 34 години, тука е од 17 години, некој би помислил дека ќе се умори … Дури и на крајот на Ролан Гарос рече дека е психички исцрпен, а на луѓето им е лесно да останат истоштени. Сепак тој успева да ја сврти ситуацијата и да си каже на себе: „Вимблдон доаѓа, морам да бидам подготвен за тоа“.
-И тој е во состојба да се наполни со енергија, ментално и физички. Во тоа е најдобар на светот, -вели некогашниот најдобар американски тенисер Џејмс Блејк кој своевремено беше четврти рекет на планетава.
-Мислам дека тој сака да биде прв во историските книги во секој параметар. Ми се чини дека неговата мотивација е природна, сака повеќе грен слемови и дека претходниот рекорд беше 14. Дебатата за најголемиот на сите времиња е во тек – не е готово, ништо не е врежано во камен. Бројките нема да лажат.
-Грен слем титулите се приоритет за сите тројца, ќе видиме дали тоа ќе биде главниот критериум за луѓето, а има големи шанси Ѓоковиќ да биде најдобар, -додаде Блејк кој во кариерата освои 10 АТП титули.
留言