Search


Димитриевски: Мислам дека го достигнувам врвот во кариерата, се надевам дека тоа ќе и помогне на Македонија!
28.05.2026 Maj Cetvrtok Столе Димитриевски остави извонредни пет месеци зад себе како стартен голман на Валенсија, изданија со кои само покажа дека најверојатно брани во животна форма после лошиот период кој го имаше на „Месталја“. Игнорирањата од тренерот Карлос Корберан само го натераа да ја извади најдобрата верзија од себе, а сега и самиот Столе смета дека е блиску до врвот, односно до најдобрата форма во кариерата. Како еден од најсискусните во репрезентацијата, Димитрие
Aleksandar Santovski
May 292 min read


Злато за Блажевски, сребро за Рељиќ на турнир во Луксембург
28.05.2026 Maj Cetvrtok ТАЕКВОНДО – Г1-ТУРНИР „ЛУКС ОПЕН 2026“ Со своите настапи и двајцата остварија одличен почеток во настојувањето да соберат олимписки поени за норма за настап на ЛОИ 2028 Македонскиот таеквондо-репрезентативец и член на ТК Бутел, Филип Блажевски (тежинска категорија до 80 кг), освои златен медал, а олимпијката и членка на ТК Тигри, Милијана Рељиќ (до 67 кг), сребрен медал на престижниот Г1-турнир „Лукс опен 2026“, во Луксембург. Блажевски, кој е сериозна
Aleksandar Santovski
May 291 min read


Новото „југо“ би можело да ја потресе Европа: Цената од 12.000 евра денес звучи нереално
28.05.2026 Maj Cetvrtok Додека европските производители се обидуваат да развијат прифатлив електричен или хибриден автомобил под 15.000 евра, враќањето на легендарното „југо“ би можело да донесе сосема поинакво сценарио. Според најавите, новото „југо“ би можело да пристигне на европскиот пазар со цена од околу 12.000 евра, што денес звучи речиси нереално во време кога цените на новите автомобили постојано растат. Новиот проект го води српски претприемач од Германија, Александ
Aleksandar Santovski
May 292 min read


Оклахома го победи Сан Антонио и поведе во финалето на Западната конференција
28.05.2026 Maj Cetvrtok Оклахома Сити ноќеска го победи Сан Антонио со 127:114 во петтиот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА-лигата. Плејмејкерот на Тандер, Шеј Гилџус-Александар беше најефикасен на натпреварот со постигнати 32 поена. Значаен придонес во победата на домашниот тим имаа и: Карусо (22 поена), Мекејн (20), Холмгрен (16 + 11 скока), Хартенштајн (12 + 15 скока). Во тимот на Спарс се истакнаа: Касл (24 поени), Шампени (22), Вембањама (20), К. Џон
Aleksandar Santovski
May 291 min read


Претставници на ФИФА повикани на суд во случајот со продажба на билети за СП 2026
28.05.2026 Maj Cetvrtok Главната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс, и главната обвинителка на Њу Џерси, Џенифер Девенпорт, објавија дека повикале претставници на ФИФА на суд во врска со случајот со продажба на билети за Светското првенство во 2026 година, објави „EPSN“. Обвинителството побарало интерни информации за тоа како Светската фудбалска асоцијација продавала билети за осум натпревари од Мундијалот закажани да се одржат на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, Њу Џ
Aleksandar Santovski
May 292 min read


„Златната топка“ прв пат во историјата ќе се додели годинава во Лондон
28.05.2026 Maj Cetvrtok Свечената церемонија на доделување на престижната фудбалска награда „Златна топка“ (Ballon d’Or“), која од 1956 година ја доделува „Франс фудбал“, прв пат во историјата оваа година ќе се одржи во Лондон. Британската престолнина ќе биде домаќин на церемонија на 26 октомври, по повод 70-годишнината од воведувањето на наградата чиј прв добитник беше англискиот репрезентативец Стенли Метјуз. Ова не е прв пат церемонијата да се одржува надвор од Париз. Од 2
Aleksandar Santovski
May 291 min read


Промовирана биографска книга за одбојкарска легенда Владимир Богоевски
28.05.2026 Maj Cetvrtok Под наслов „Секогаш на врвот“, денеска во Скопје беше промовирана биографска книга посветена на македонската одбојкарска легенда Владимир Богоевски, во авторство на доајенот на спортското новинарство Златко Калински. Делото ја содржи комплетната спортска генеза на Богоевски, од неговите почетоци, богатата кариера, најголемите професионални успеси, неговиот ангажман како спортски работник и спортски директор на Македонскиот Олимписки комитет. На промоци
Aleksandar Santovski
May 291 min read


Ѓоковиќ: Се надевам дека нема повторно да сретнам друг француски играч пред крајот на Ролан Гарос
28.05.2026 Maj Cetvrtok Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го коментираше својот триумф над Французинот Валентин Ројар (6:3, 6:2, 6:7 (7:9), 6:3) во второто коло на Ролан Гарос. -Беше многу, многу тежок натпревар во тешки услови. Голем тест за мене. Искуството многу ми помогна. Ова е многу важна победа. Условите се тешки за играчите. Имав шанси во третиот сет, но по моја вина го изгубив сетот. Се надевам дека нема да сретнам друг француски играч пред крајот на турнирот. Боже, дос
Aleksandar Santovski
May 291 min read


Почина Сони Ролинс, џез легенда и „саксофонски колос“
28.05.2026 Maj Cetvrtok американски џез музичар Сони Ролинс, еден од највлијателните саксофонисти во историјата на џезот, почина на 95-годишна возраст. Ролинс почина во својот дом во Вудсток, Њујорк, објави неговиот портпарол. Тој го нарече „една од најпочитуваните и највлијателни личности во американската музика“. Причината за смртта не е објавена. Кариера што трае повеќе од шест деценииРолинс ја започна својата кариера кон крајот на 1940-тите, а во текот на децениите сорабо
Aleksandar Santovski
May 291 min read


Познато е кој бугарски град ќе биде домаќин на Евровизија во 2027 година
28.05.2026 Maj Cetvrtok По историската победа на пејачката Дара, која ѝ ја донесе на Бугарија првата победа на Евровизија, потврдено е дека следното издание на натпреварот ќе се одржи во Софија. Бугарија за прв пат го освои натпреварот во Виена, а песната „Бангаранга“ ја освои публиката низ цела Европа. За разлика од вообичаената практика, овој пат нема да има натпревар меѓу бугарските градови. Милена Милотинова, генералниот директор на јавниот радиодифузен сервис БНТ, објасн
Aleksandar Santovski
May 291 min read


Шакира и Бурна Бој објавија музичко видео со химната на Мундијалот, се појавуваат Меси, Кејн, Мбапе… фото и видео
28.05.2026 Maj Cetvrtok Шакира и Бурна Бој го објавија музичкото видео за нивната нова песна „Даи Даи“, која е воедно и официјална химна на Светското првенство во фудбал во 2026 година. По објавувањето на песната претходно овој месец, визуелно впечатливото видео во кое се појавуваат голем број светски фудбалски ѕвезди беше објавено во саботата. Фудбалска елита во видеото Меѓу фудбалерите кои се појавија во видеото се Лионел Меси, Хари Кејн, Килијан Мбапе, Родриго Ернандез (Ро
Aleksandar Santovski
May 291 min read


Белградски овации за Дина Јашари и „Растенија без корен“
28.05.2026 Maj Cetvrtok Со овации, трчање во три круга околу бината и силен емотивен прием од белградската публика, македонската кантавторка Дина Јашари го одбележа настапот на платото пред Музејот на Југославија во Белград, како дел од 9. издание на манифестацијата „Leto u MuzeYU“ по повод Денот на младоста. Настапот се одржа точно една година по објавувањето на нејзиниот деби-албум „Растенија без корен“, а Дина симболично го одбележа моментот со трчање три круга околу бинат
Aleksandar Santovski
May 291 min read


Презентација на програмата на годинашниот 25. ОФФест
28.05.2026 Maj Cetvrtok Во Скопје денеска ќе биде презентирана програмата на годинашниот 25. ОФФест. Фестивалот ќе трае од 3 до 6 јуни, а предвидена е богата програма со учесници од 12 земји, со посебен акцент на Африканкиот континент. Следејќи ја убавата традиција, во прудружната програма на ОФФест ќе биде прикажан и култниот бразилски документарниот филм „ELIS & TOM“, соопшти организаторот. Првите три фестивалски вечери ќе се одржат во Националната Опера и Балет а последнат
Aleksandar Santovski
May 291 min read


Филмски омаж на Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето во Кинотека
28.05.2026 Maj Cetvrtok Од 3-6 јуни во соработка со Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, во Кинотеката на РС Македонија ќе се одржи филмски омаж на академик Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето на поетот. Во таа пригода ќе бидат прикажани повеќе филмови во кои Анте Поповски е сценарист или продуцент, со што јавноста ќе се запознае со уште еден, делумно запоставен аспект на творечката личност на Анте Поповски – неговата дејност на полето
Aleksandar Santovski
May 292 min read


Една ноќ под ѕвездите: „Танец“ и „Ладо“ со заеднички концерти во Битола и Скопје
28.05.2026 Maj Cetvrtok Македонскиот национален ансамбл за народни игри и песни „Танец“ и Хрватскиот национален ансамбл „Ладо“, двата столба на балканскиот и светскиот фолклорен мелос, најавуваат незаборавно културно доживување за домашната публика. Под магичниот наслов „Една ноќ под ѕвездите“, овие два реномирани ансамбли ќе одржат два ексклузивни заеднички концерти кои ветуваат врвно уметничко доживување, спојувајќи ги традицијата, моќниот вокал и безвременската игра на две
Aleksandar Santovski
May 281 min read




