Search
„Златната топка“ прв пат во историјата ќе се додели годинава во Лондон
- Aleksandar Santovski
- May 29
- 1 min read
28.05.2026 Maj Cetvrtok
Свечената церемонија на доделување на престижната фудбалска награда „Златна топка“ (Ballon d’Or“), која од 1956 година ја доделува „Франс фудбал“, прв пат во историјата оваа година ќе се одржи во Лондон.
Британската престолнина ќе биде домаќин на церемонија на 26 октомври, по повод 70-годишнината од воведувањето на наградата чиј прв добитник беше англискиот репрезентативец Стенли Метјуз.
Ова не е прв пат церемонијата да се одржува надвор од Париз. Од 2010 до 2015 година, церемонијата се одржуваше во Цирих, кога ФИФА беше коорганизатор на настанот.
„Златната топка“ минатата година ја освоија Усман Дембеле во машка и Аитана Бонмати во женска конкуренција.






Comments