Search


ФФМ ги објави деталите за влезните билети за дуелот меѓу Македонија и Швајцарија
07.09.2026 Septemvri Ponedelnik Македонската фудбалска репрезентација ќе го започне учеството во новото издание на Лигата на нации со натпревар против Швајцарија, а Фудбалската федерација денеска ги објави деталите за влезните билети за оваа средба. Натпреварот се игра на 26. септември, билетите ќе се продаваат од 10. септември и цената се движи од 500 до 1800 денари, додека цената на ВИП билетот е 3000 денари. ФФМ најави дека наскоро ќе сподели информации и за натпреварите к
Aleksandar Santovski
Sep 71 min read


Мбапе: Можеби ова е вистинска година да ја освојам „Златната топка“
Килијан Мбапе смета дека направил доволно во текот на претходната година за да може да се надева на признанието „Златна топка“, но како и секогаш, свесен е дека друг го прави изборот и тој мора да го почитува. Французинот играше во одлична форма на последното светско првенство, постави рекорд со бројот на постигнати голови, а зад себе има и одлична сезона во дресот на Реал Мадрид. На денешната прес-конференција во пресрет на дуелот со Интер, тој истакнал дека посакува токму о
Aleksandar Santovski
Sep 71 min read


Џорџ Лукас и „Војна на ѕвездите“ по 17 години добиваат футуристички музеј во Лос Анџелес
07.09.2026 Septemvri Ponedelnik Лос Анџелес – По 17 години од најавата, одложување и промени на локацијата, Лос Анџелес ќе добие музеј посветен на делото на легендарниот филмски режисер и творец на „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас. Музејот на наративна уметностсе наоѓа во близина на универзитетот Јужна Калифорнија, на којшто Лукас студираше филм и во галеријата од 9.000 квадратни метри ќе бидат изложени неговата колекција на уметнички дела и предмети од снимањето на неговите ф
Aleksandar Santovski
Sep 72 min read


Избрана е Мис на светот 2026 – круната ја освои учителка од Доминиканската Република
07.09.2026 Septemvri Ponedelnik Големото финале на 73. избор за Мис на светот се одржа во саботата, на 5 септември, во Виетнам, каде што се собраа претставнички од целиот свет во борбата за престижната меѓународна титула. За Мис на светот беше крунисана Жоехири Мола, учителка од Доминиканската Република. Мола дипломирала бизнис-менаџмент и администрација, а денес работи како учителка во Санто Доминго, каде што предава литература и општествени науки. Прва придружничка беше Ели
Aleksandar Santovski
Sep 72 min read


Младите повторно купуваат ЦД-а, продажбата расте
07.09.2026 Septemvri Ponedelnik Компакт-дисковите повторно стануваат популарни, а во првата половина од 2026 година нивната продажба пораснала за 16 отсто, покажуваат податоците на американската компанија „Луминејт“. Само во САД во овој период биле продадени 16,3 милиони ЦД-а. Најголемото изненадување е што враќањето на овој формат го предводат генерацијата З и миленијалците. Растот на продажбата на ЦД-а е значително поголем и од оној на винилните плочи, кој изнесува 2,4 отст
Aleksandar Santovski
Sep 71 min read


„Као Какао“ ја започнува новата театарска сезона со две изведби во МНТ
07.09.2026 Septemvri Ponedelnik Мјузиклот „Као Какао“ ја започнува новата театарска сезона со две изведби, на 10 и 11 септември во МНТ. Ова се првите изведби по премиерата во јуни, кои беа проследени со исклучителен интерес од публиката и позитивни реакции, и по фестивалското лето во Битола, Охрид и Будва. Двете септемвриски изведби веќе се пред распродавање. Зад „Као Какао“ е лето во кое продукцијата беше дел од програмите на три значајни фестивалски сцени во земјава и регио
Aleksandar Santovski
Sep 72 min read


Влатко Стефановски добитник на посебно признание на Вуковар Филм Фестивалот
07.09.2026 Septemvri Ponedelnik На свеченото доделување на наградите во Хрватскиот дом Вуковар, на јубилејното, 20-то издание на Вуковар Филм Фестивалот, еден од највлијателните музичари, Влатко Стефановски го доби Посебното признание за придонес во филмската музика, кое го доделуваат Croatia Records и CMC телевизија, медиумски партнери на фестивалот. Стефановски во текот на повеќе од пет децении кариера компонирал за различни филмски и телевизиски проекти, а неговиот однос к
Aleksandar Santovski
Sep 72 min read


Концертот на Дејвид Гета ќе го блокира центарот на Скопје – апел да се доаѓа без возила, предвреме, а вратите ќе бидат отворени од 17 часот
07.09.2026 Septemvri Ponedelnik Во координација со МВР, „Авалон“ информира дека замената на влезници за нараквици за концертот на David Guetta на 8 септември на стадионот „Тодор Проески“, ќе биде возможна и во вторник (08.09.), од 10 до 17 часот, на локацијата Градски парк – Вембли во Скопје. ВАЖНО: ВРАТИТЕ НА СТАДИОНОТ „ТОДОР ПРОЕСКИ“ НА 8 СЕПТЕМВРИ СЕ ОТВОРААТ ВО 17:00 ЧАСОТ. Ги повикуваме сите оние кои се во можност да дојдат денес и да ја извршат замената навреме, со цел
Aleksandar Santovski
Sep 71 min read


Влатко Стефановски најави специјална Acoustic Night со пријатели во декември во Филхармонија
07.09.2026 Septemvri Ponedelnik Откако ја воодушеви публиката на големиот концерт во Скопје, каде што настапи заедно со светската оперска легенда Хозе Карерас во рамките на одбележувањето на Денот на независноста на Северна Македонија, Влатко Стефановски најави нов музички настан кој на 17 декември повторно ќе ја собере неговата публика во Македонската филхармонија. Еден од најзначајните гитаристи од овие простори во декември ќе го одржи специјалниот концертен проект „Влатко
Aleksandar Santovski
Sep 72 min read


Сузан Сарандон во Венеција: Сè уште не ми нудат улоги поради поддршката за Палестина
07.09.2026 Septemvri Ponedelnik Венеција – Американската актерка и активистка Сузан Сарандон изјави на Филмскиот фестивал во Венеција во неделата дека сè уште не е ангажирана за улоги поради нејзината отворена поддршка за Палестина. Со ова, таа одговори на прашањето на новинарот дали наративот за конфликтот во Газа се променил во Холивуд. Сарандон го претставува својот нов филм „The Echo Chamber“ во Венеција, пишува Variety. Прекин на соработката по протестотНејзината агенциј
Aleksandar Santovski
Sep 72 min read


Симон Трпчески повторно ја восхити токиската публика на 20-годишнината од своето јапонско деби
07.09.2026 Septemvri Ponedelnik Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески на 3, 4 и 5 септември повторно ја воодушеви јапонската публика на своите три концерти на различни престижни сцени во Токио. Во рамките на оваа турнеја во јапонската престолнина, Трпчески одбележа две децении од своето деби во Земјата на изгрејсонцето. Заедно со Токискиот Метрополитен симфониски оркестар и симболично, како и пред 20 години, нашиот пијано виртуоз настапи под диригентската палка
Aleksandar Santovski
Sep 72 min read


Од Македонија до Лос Анџелес: Екипата зад „Приказната за Силјан“ гордо го претстави филмот на ЕМИ наградите, каде запиша историја со две номинации
07.09.2026 Septemvri Ponedelnik Од малата Македонија до Лос Анџелес, патот на документарниот филм „Приказната за Силјан“ одамна ги надмина границите на една филмска продукција. Оваа година „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, беше единствениот филм од неамериканска продукција меѓу номинираните во своите категории, и тоа со две номинации за Emmy Awards, Exceptional Merit in Documentary Filmmaking и Outstanding Cinematography for a Nonfiction Program. Во двете
Aleksandar Santovski
Sep 71 min read


Наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар ќе има две изведби во МНТ
07.09.2026 Septemvri Ponedelnik Поради големиот интерес на публиката, наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар од Белград ќе биде изведена денеска и на 9 септември во 20 часот во Македонскиот народен театар. Претставата е во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски, а главната улога ја толкува Никола Ристановски. Драматизацијата е работена според текстот на Стеван Копривица, инспириран од романот „Уна“ на Момо Капор. Во претставата, покрај Ристановски, настапув
Aleksandar Santovski
Sep 71 min read





