top of page

ФФМ ги објави деталите за влезните билети за дуелот меѓу Македонија и Швајцарија

Sep 7
1 min read

07.09.2026 Septemvri Ponedelnik

Македонската фудбалска репрезентација ќе го започне учеството во новото издание на Лигата на нации со натпревар против Швајцарија, а Фудбалската федерација денеска ги објави деталите за влезните билети за оваа средба.

Натпреварот се игра на 26. септември, билетите ќе се продаваат од 10. септември и цената се движи од 500 до 1800 денари, додека цената на ВИП билетот е 3000 денари.

ФФМ најави дека наскоро ќе сподели информации и за натпреварите кои Македонија ќе ги игра на гостински терен во овој мини циклус.

Во продолжение, целото соопштение на ФФМ:

 – Фудбалската федерација на Македонија ги информира навивачите и љубителите на фудбалот дека продажбата на влезниците за натпреварот Македонија – Швајцарија, кој ќе се одигра на 26 септември (сабота) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе започне на 10. септември (четврток).

Цената на влезниците се движи од 500 до 1.800 денари, во зависност од блокот и местото на трибините. ВИП билет чини 3.000 денари. Цените и достапните места по блокови ќе бидат детално прикажани на мапата на Националната арена „Тодор Проески“, преку официјалната платформа за електронска продажба на билети на ФФМ: eticket.ffm.mk

Во рамки на септемврискиот циклус од Б групата на УЕФА Лигата на нации, македонската репрезентација ќе гостува и кај Словенија. Влезниците за натпреварот Словенија – Македонија, кој ќе се одигра на 29. септември на стадионот „Стожице“ во Љубљана, ќе бидат пуштени во продажба на 14. септември.

Наскоро ќе бидат објавени и официјалните информации за продажбата на билети за натпреварите Македонија – Шкотска (3. октомври) и Швајцарија – Македонија (6. октомври) во Луцерн.


 
 
 

Comments


bottom of page