top of page

Мбапе: Можеби ова е вистинска година да ја освојам „Златната топка“

Sep 7
1 min read

Килијан Мбапе смета дека направил доволно во текот на претходната година за да може да се надева на признанието „Златна топка“, но како и секогаш, свесен е дека друг го прави изборот и тој мора да го почитува.

Французинот играше во одлична форма на последното светско првенство, постави рекорд со бројот на постигнати голови, а зад себе има и одлична сезона во дресот на Реал Мадрид.

На денешната прес-конференција во пресрет на дуелот со Интер, тој истакнал дека посакува токму оваа година првпат да стане носител на признанието.

– Мислам дека кога играш за Реал Мадрид, најдобриот клуб во светот, луѓето те поврзуваат со оваа награда.

– Знам дека многумина ме поврзуваат со „Златната топка“, а факт е и дека испишав историја во најважното натпреварување. Можеби е вистинска година да ја добијам наградата, но луѓето можат да гласаат како што мислат.

– Секогаш мислам дека сум најдобриот [играч во светот], но секој има свое мислење. Секако дека оваа година би можела да биде добра за мене да ја освојам Златната топка. Но, новинарите гласаат, – рекол Мбапе.

Највисокото место кое го има освоено Мбапе при гласањето за Златната топка е третото место во 2023 година, кога беше играч на ПСЖ.


 
 
 

Comments


bottom of page