Џеј Лено скокна пред неговата „корвета“ за да спречи судир среде снимање
11.02.2021 fevruari cetrvtok Џеј Лено докажа дека е подготвен да се жртвува за еден од неговите сакани винтаџ автомобили, спречувајќи судир во вторникот за време на снимањето на најновата епизода на ток-шоуто „Гаражата на Џеј Лено“ во Малибу. 70-годишниот комичар и страствен колекционер на автомобили ја снимаше својата серија на „Си-ен-би-си“ со она што подоцна се покажа дека е класика „корвета“ од 1964 година. Додека Лено снимаше еден сегмент од новата епизода, автомобилот на човекот со кој разговараше почна да се движи кон неговата „корвета“, и тој застана пред црвено-црниот „лексус“ за да спречи судир. Медиумите потсетуваат дека во декември беше откриено (преку HotCars) дека класичната колекција автомобили на Лено вреди неверојатни 52 милиони долари, а комичарот има вкупна нето-вредност од 400 милиони долари. Неговата колекција, наводно, вклучува приближно 181 автомобил и 160 мотоцикли, иако точниот број има тенденција да варира.
Comentarios