top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џенифер Лопез ја обновила врската со Бен Афлек пред тој првпат да биде фотографиран во нејзиниот дом

Тајмингот на епската средба на Бенифер штотуку стана малку покомплициран, пишуваат таблоидите и цитираат анонимни извори, кои тврдат дека Бен Афлек минувал време во домот на Џенифер Лопез пред да биде првпат забележан во нејзиниот автомобил кон крајот на април кога папараци го уловија како пристигнува во куќата на Џенифер во Лос Анџелес. Тоа значи дека Џенифер (51) и Бен (48) биле заедно најмалку од средината на април, само неколку дена откако таа и Алекс Родригез официјално ја објавија разделбата. „Пејџ сикс“ цитира извор, кој тврди дека Џенифер планирала да ја соопшти веста на „Инстаграм“ пред да се појават фотографии од Бен во нејзиниот дом. „Тој остана во нејзината куќа уште во април и таа имаше план да објави на ‘Инстаграм’ дека се повторно заедно. Сè е во врска со периодот кога се случила средбата“, изјави инсајдер за порталот во средата. Сепак, треба да се напомене дека од моментот кога шоубиз-медиумите ја објавија веста дека се повторно заедно, двајцата молчат за нивната обновена романса.


1 view

Comments


bottom of page