Концертите на Gipsy Kings и Nicolas Reyes одложени за на есен во Скопје Македонија
26.03.2025Mart Sreda
Концертот на Gipsy Kings ft. Nicolas Reyes, кој требаше да се одржи во СЦ „Јане Сандански“, не се одржа во првично закажаниот термин поради добро познати причини. Во овие моменти на жалост, организаторите изразија благодарност за разбирањето и трпението на публиката, како и за заедничкиот молк со кој беше оддадена почит кон жртвите на трагедијата.
Со оглед на тоа што концертите во Скопје и Белград се поврзани, менаџментот на бендот и организаторите, Авалон продукција, донесоа одлука тие да бидат презакажани за рана есен, во периодот од последната недела на септември до средина на октомври.
„Точните датуми ќе бидат дополнително објавени“, велат од Авалон за музичкиот портал Музика24.
За сите кои не можат да го чекаат новиот термин, овозможена е рефундација на средствата. Влезниците може да се рефундираат со испраќање на е-пошта до info@karti.com.mk или во продажното место каде што биле купени. Периодот за рефундација започнува денес, 26 март (вторник) и ќе трае до 2 април (вторник).
Организаторите им се заблагодаруваат на сите за поддршката и разбирањето.


Comments