Search
Џенифер Лопез се потпира на поранешниот сопруг по разделбата со свршеникот
Џенифер Лопез не е сама додека се опоравува од разделбата со свршеникот Алекс Родригез. 51-годишната латино дива, која моменатлно го снима Shotgun Wedding во Доминиканската Република со Џош Духамел и Лени Кравиц, се потпира на еден од своите поранешни, според магазинот „Пипл“. „Џенифер и Марк имаат одличен меѓусебен однос“, сподели извор за нејзината блиска врска со Марк Ентони, со кого беше во брак од 2004 до 2014 година. „Убаво и пријатно е да го има покрај себе додека мора да работи во странство,“ вели истиот извор. „На Џенифер ѝ оди добро. Таа сè уште снима во Доминиканската Република. Децата ја посетија и ја прават најсреќна.“ Џенифер и Марк ги делат близнаците Макс и Ема (13).
Comments