Џенифер Лопез медитира, а Бен Афлек кулира на нивниот балкон
Џенифер Лопез беше олицетворение на здравје и витална енергија во вторникот кога беше забележана како ужива во медитација на брегот на Мајами. Џеј Ло, фитнес-фанатик, е блажено смирена пред приватната резиденција што моментно ја дели со Бен Афлек кого претходно папараците го уловија како пуши цигара на нивниот балкон. Џенифер (51) изгледа свежо како маргаритка, а небричениот Бен (48) ужива на балкон облечен во маица со натпис „Верувај во Бостон“ и удобни долни тренирки. Џенифер – која е позната по својата посветеност на здрава исхрана и режим на вежбање – носи бел комбинезон додека прави серија истегнувања. Таблоидите, цитирајќи локални очевидци, објавија дека Бен и Џенифер биле забележани во сала за вежбање како се бакнуваат, супер разиграни еден со друг.
Comments