top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џенифер Лопез и Алекс Родригез излегоа на вечера по разделбата

Пред неколку дена Џенифер Лопез и Алекс Родригез беа видени заедно на вечера во хотелот „Бел Ер“ во Лос Анџелес. По веста за овој состанок откако двајцата потврдија дека нивната врска е завршена, фановите сакаат да знаат дали парот е повторно заедно, пишуваaт „Њујорк пост“ и „Пејџ сикс“. Вечерата била во истиот ресторан каде што Лопез и Родригез го имаа првиот состанок во 2017 година. Тие беа забележани заедно една недела по објавувањето крај на нивната четиригодишна врска. Лопез и Родригез се свршија во 2019 година. „Вечерата беше идеја на Алекс, кој се обидува да ја врати Џенифер“, весникот цитира извор близок до поранешниот свршеник на Џеј Ло. Родригез наводно ја моли Лопез за втора шанса. „Алекс договори состанок, па дури и резервира во ресторанот, каде што имаа прв состанок. Очигледно направил некоја грешка, но тој не е тип на човек што би прифатил да му кажат ‘не’ и тој е 100 проценти убеден дека може да ја врати назад“, вели изворот.


2 views

Comments


bottom of page