top of page

Џенифер Лопез и Алекс Родригез ги демантираат гласините за нивна разделба

15.03.2021 mart ponedelnik

Латинодивата Џенифер Лопез и поранешната бејзболsвезда на „Њујорк Јенкис“, Алекс Родригез, во саботата рекоа дека работат на некои несогласувања во нивната врска и дека извештаите за нивна разделба по речиси четири години заедно биле неточни. Американски шоубиз-медиуми објавија викендов дека Џенифер Лопез и Алекс Родригез ја прекинале свршувачката и веќе не живеат заедно. Наводно, причината за разделбата е што Родригез премногу се зближил со реалната ѕвезда Медисон Лекрој. ТМЗ, „Пејџ сикс“, „Њујорк пост“ и повеќе портали со вести за славни личности во петокот цитираа неидентификувани извори блиски до Џенифер и Алекс, кои тврдеа дека парот ја прекинал свршувачката. „Сите извештаи се неточни. Средуваме некои работи“, рекоа Лопез (51) и Родригез (45), еден од најпознатите славни парови во САД во заедничката изјава дадена за „Ројтерс“. 51-годишната музичарка и 45-годишниот спортист се свршија на Бахамите во 2019 година по двегодишна врска. Тие планираа да стапат во брак, но пандемијата на коронавирусот двапати ја одложи реализацијата на свадбата. Неименуван извор за списанието „Пипл“ изјави дека тие никогаш не се разделиле, но разговарале за тоа. „Тие имаа мала криза“, рече изворот додавајќи дека шпекулациите што го поврзуваат Алекс со Медисон Лекрој воопшто немаат никаква врска со моментната расправија. „Таа работи во Доминиканската Република, а тој е во Мајами, затоа е тешко да се гледаат, особено во услови на карантин и Ковид-19“, изјави изворот за „Пипл“. Веста за наводната разделба на еден од најпознатите славни парови дојде неколку месеци откако некои таблоиди ја обелоденија наводната афера на Родригез со Медисон (31). Џеј Ло беше три пати мажена. Од бракот со латинопејачот Марк Ентони има близнаци – Ема и Максимилиан. Алекс од бракот со Кејтлин ги има децата Наташа и Ела. Тие како семејство живеат четири години.




 
 
 

Comments


bottom of page