Search
Џенифер Лопез доби букет рози од својот свршеник за Денот на вљубените
15.02.2021 februari ponedelnik Џенифер Лопез имаше одличен празник на љубовта, коментираат таблоидите, додавајќи дека февруари е месецот во кој се запозна со Алекс Родригез и го слават како нивни месец. 51-годишната пејачка во неделата наутро сподели видео на својот инстаграм-профил за да им го покаже на своите 142 милиона следачи прекрасниот букет рози што ѝ го испратил нејзиниот свршеник Алекс. Во објавата, со наслов Love is in the air, поп-ѕвездата се воодушевува на романтичниот гест и додава дека испораката на цвеќе ѝ носи насмевка на лицето и радост во срцето. Лопез напиша: „Февруари е наш посебен месец… наш јубилеен месец… Се сретнавме првпат на 1 февруари“.
Comments