top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Џенифер Анистон станува мајка на 52 години

13.04.2021 April Vtornik

Познатата американска актерка Џенифер Анистон (52), препознатлива по улогата на Рејчел Грин во популарната американска комедија „Пријатели“, ги воодушеви своите долгогодишни пријатели и колеги со веста дека ќе стане мајка. Бројни светски медиуми пишуваат дека Џенифер по два разводи решила да посвои девојче што го запознала во сиропиталиште во Мексико, а самиот процес на посвојување трае веќе една година. Џенифер Анистон, инаку, го финансира ова сиропиталиште веќе една година. Финализирањето на усвојувањето се очекува во јуни годинава. „Судот знае дека актерката не сака од ова да направи голем настан во медиумите и сака тоа да биде нејзина лична и интимна одлука, но таа ја сподели убавата вест со своите колеги и пријатели“, заклучува извор пренесен од сите светски медиуми. Веста им беше соопштена на колегите и пријателите од серијата „Пријатели“, на снимањето на продолжението на оваа популарна серија, која започна овој месец, на радост на милиони фанови ширум светот.


1 view

Comments


bottom of page