Џенифер Анистон со пофални зборови за Бред Пит
Џенифер Анистон го спомна поранешниот сопруг Бред Пит во ново интервју во вторникот, два дена пред повторната средба на „Пријатели“. 52-годишната актерка, заедно со другите две пријателки од серијата, Лиза Кудроу и Кортни Кокс, се присетува на сите гости sвезди, кои накусо се појавија во текот на 10-те сезони. На прашањето од Access Hollywood – кој од гостувачките ѕвезди во култната серија им е омилен, трите наведоа неколку познати имиња, вклучувајќи ги Том Селек, Чарли Шин, Пол Рад, Рис Витерспун, Бен Стилер и Шон Пен. А Џенифер рече: „Господин Пит беше прекрасен, тој беше фантастичен“, со што се согласи и Лиза. Актерката беше во брак со Бред од 2000 до 2005 година. Една година по венчавката, Бред глумеше во епизодата за Денот на благодарноста во осмата сезона на серијата. Тој го глумеше Вил, школски другар на Рос, кој не ѝ бил наклонет на Рејчел (Анистон) по завршувањето на средното училиште.
Comments