top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ќе се врати публиката во Англија во пресрет на ЕП?

24.02.2021 februari sreda

ФУДБАЛ

На стадионите во Англија од средината на мај би можеле да присуствуваат до 10.000 гледачи, според планот од четири дела на Владата, што го објави премиерот Борис Џонсон, за намалување на рестриктивните мерки во врска со пандемијата на ковид-9, пишува „Би-би-си“. Планот за олабавување на мерките предвидува четири теста на вакцината, како и следење на стапките на инфекции и на новите варијанти на коронавирусот. Премиерот истакна дека ширењето на програмата за вакцинација во Велика Британија ѝ дозволила на Владата да го изработи планот, но и дека конечните одлуки ќе бидат донесувани врз база на најновите „податоци“. Владата соопшти дека ќе се организира и серија „пилот-настани“ во април, а Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) објави дека е „возбудена“ поради можноста помал број гледачи да има на финалето во Карабао-купот на стадионот „Вембли“ на 25 април. Ако „пилот-настаните“ бидат успешни, на натпреварите на стадионите ќе биде дозволено да присуствуваат „до 10.000 луѓе или до 25 отсто да биде исполнет капацитетот за седење“, но не пред 17 мај.

Тоа значи дека финалето на ФА-купот на „Вембли“, на 15 мај, ќе се игра зад затворени врати, но можно е да има гледачи на трибините во последното коло од Премиер-лигата, на 23 мај. Одложеното од лани Европско првенство (ЕП) треба да почне на 11 јуни, а „Вембли“ треба да биде домаќин на седум натпревари, вклучувајќи го и финалето на 11 јули. Сите ограничувања се очекува да бидат укинати до 21 јуни, еден ден пред натпреварот Англија – Чешка, во третото коло на групната фаза на ЕП.


2 views

Comments


bottom of page