Search
Ѓорческа победнички го отвори турнирот во Москва
23.02.2021 februari vtornik
Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа успешно го мина првото коло на ИТФ фјучерсот што се игра на тврда подлога во Москва за награден фонд од 25.000 американски долари.
Ѓорческа за противник на отварањето ја имаше 22-годишната Лучија Бронзети од Италија која инаку е подобро пласираната на ВТА листата, меѓутоа без разлика на тоа Македонката по борба во три сета се избори за место во втората рунда.
Лучија славеше во првиот сет со 7-5, но во наредните два подобра беше Лина која со 6-4 и 6-4 закажа меч против шестата носителка, Анастасија Захарова од Русија.
Тетовката на овој турнир е активна и во двојки каде партнерка и е Хрватката, Тена Лукас.
Comentários