Search
Ѓорческа оствари победа во двојки во Загреб
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четврт-финалето во конкуренција на двојки на турнирот во Загреб. Ѓорческа и Хрватката Леа Бошковиќ беа подобри од словенечко-руската комбинација Далила Јакупович – Ирина Хромачева со резултат 6-3, 6-2 по сетови.
Македонската тенисерка претходно го заврши учеството во поединечна конкуренција во Загреб, откако беше елиминирана во квалификациите. Турнирот се игра на земјена подлога за награден фонд од 60 илјади долари.
Comments