top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓорческа дојде до полуфиналето во двојки во Лиепаја Тенис

Најдобриот женски македонски рекет, Лина Ѓорческа дојде до билет за полуфиналето во конкуренција на двојки на ИТФ фјучерсот во Лиепаја што се игра за вредност од 25.000 американски долари.

Ѓорческа одличниот ден го заокружи со славје во дубл со Ванда Лукач, односно македонско-унгарската комбинација со пресврт се избори за победа над домашните тенисерки Патрисија Спака и Даниела Висмане.

Летонките го добија првиот сет во тај брејкот, третите носителки потоа возвратија со 6-2 во вториот за да во решавачкиот Лина и Ванда со 6-2 дојдат до меч против првите фаворитки на турнирот Валентини Граматикопоулоу (Грција) и Шалимар Талби (Белорусија).

Инаку денеска тетовката во првиот денешен меч славеше сигурна победа во сингл над Јулија Авдева од Русија.




2 views

Comments


bottom of page