Search
Ѓорческа го заврши настапот во двојки во Москва
24.02.2021 februari sreda
Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа не го мина првото коло во игра на двојки на ИТФ фјучерсот во Москва кој се игра на тврда подлога за 25.000 американски долари.
Ѓорческа заедно со Тена Лукас (Хрватска) немаа одговор за комбинацијата од Казахстан и Белорусија, Јулија Хатоука и Гозал Аинитдинова. Јулија и Хатоука славеа со 2-0 во сетови со 6-3 и 6-3 на теренот број пет во меч во кој освоија 20 поени повеќе од Лина и Тена (61/41).
Сега нашиот најдобар рекет може да се фокусира на настапот во поединечна конкуренција каде во второто кола ја очекува тежик меч против шестата носителка, Анастасија Захарова.
Comments