Search
Ѓоковиќ со доминантна партија до четвртфиналето во Рим
- Aleksandar Santovski
- May 13, 2021
- 1 min read
Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ обезбеди место меѓу осумте најдобрите на АТП Мастерсот во Рим
Ѓоковиќ доминираше на денешната осминафинална пресметка против 21-годишниот Алехандро Давидович Фокина на кого му препушти само три гејма во двата сета. Во првиот резултатот беше 6-2, додека во вториот сет фаворитот беше поубедлив и со 6-1 го заврши денешниот меч.
Ова за Ноле е 15 четвртфинале во 15 настап во Рим, а за пласман во наредната фаза ќе се бори со подобриот од дуелот меѓу Матео Беретини и Стефанос Циципас.

Comments