top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ за полуфиналниот предизвик: Морам да бидам на највисоко ниво, Денис нема што да загуби

Updated: Jul 9, 2021

08.07.2021 Juli Cetvrtok

Новак Ѓоковиќ чекор по чекор е се поблиску до 20. грен слем титула, односно за тоа фалат само уште две победи на Вимблдон.

Српскиот тенисер по десетти пат во својата кариера ќе игра полуфинале во Лондон, а за ривал ќе го има Денис Шапавалов. Новак има перфекетн учинок против Камаѓанецот (6-0), меѓутоа секој натпревар е посебен и првиот светки рекет е свесен дека ќе мора да биде на највисоко ниво ако сака да дојде до посакуваниот резултат.

-Искуството може да помогне во вакви натпревари. Од Денис и претходно се очекуваше да забележи подобри резултати. Изгледа импресивно на теренот, игра силно, левак е што е доста незгодно на брза подлога. Изгледа дека прави помалку грешки, не се двоуми да нападне. Она што го видов против Мари и сега малку, игра квалитетно. Ќе нападне, нема што да изгуби, ќе даде се од себе да биде агресивен. Ќе се подготвам, знам што ме чека, имавме неколку добри дуели. Се надевам дека ќе бидам на мојот врв затоа што тоа е потребно за победа.

-Тој е комплетен играч, погодува исклучително добро од обете страни. Обично правеше повеќе бекхенд грешки. Може да игра на високо ниво, се случува и да му опадне концентрацијата и да даде подари неколку гејмови. Ќе ја чекам мојата шанса, ќе го искористам искуството што го имам. Морам да бидам подготвен на тоа дека тој ќе игра на повеќе начини, -порача Ѓоковиќ.


1 view

コメント


bottom of page