top of page

Шифрин се доближи на една победа до рекорд на Стенмарк

08.03.2021 mart ponedelnik

СКИЈАЊЕ – СВЕТСКИ КУП

Американката Микаела Шифрин беше подобра од Петра Влхова во слаломот во словачкиот зимски центар, Јасна, забележувајќи ја 45-та слаломска победа, вкупно 69-та во кариерата во Светскиот куп (СК) во алпско скијање. Повеќе победи во една дисциплина во СК, 46 во велеслалом има само легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк (вкупно 86, што е, исто така, рекорд), во 70-тите и во 80-тите години од 20 век. Зад него на втората позиција според бројот на победи во СК е Американката Линдзи Вон, 82. Шифрин по првото возење доцнеше 27 стотинки, но на крајот имаше предност од 34 стотинки пред Влхова, која е родена во близината на Јасна, каде што научила да скија и каде што сега најмногу тренира. Трета во Јасна беше Швајцарката Венди Холденер, за која тоа беше 26-то искачување на победничкиот подиум во слалом во СК, но уште е без победа. Новата светска шампионка, Австријката Катарина Линсбергер, го освои четвртото место. Таа пред две недели, на Светското првенство (СП) во Кортина Д’Ампецо, стана првата жена што ја победила четирикратната светска шампионка Шифрин во слалом на СП. Вчера во Јасна се возеше велеслаломската трка.

РЕКОРДЕРИ ВО ПОБЕДИ ПО ДИСЦИПЛИНИ

Ингемар Стенмарк 46 во велеслалом Микаела Шифрин 45 во слалом Линдзи Вон 43 во спуст Линдзи Вон 28 во супервелеслалом

НАЈМНОГУ ПОБЕДИ ВО СВЕТСКИОТ КУП

Ингемар Стенмарк 86 Линдзи Вон 82 Микаела Шифрин 69 Марсел Хиршер 67


 
 
 

Comments


bottom of page