Шерон Стоун кршлива, но доволно силна да продолжи понатаму бидејќи е преживувач
02.04.2021 April Petok
Актерката Шерон Стоун детаљно ги раскажа подемите и падовите во својот живот во автобиографијата што содржи повеќе драма од холивудските трилери по кои е позната.Насловот на книгата, The Beauty of Living Twice, се однесува на втората шанса што ја доби по мозочниот удар и крвавењето во мозокот во 2001 година.Во мемоарите се потсетува и на своите рани години во Пенсилванија, на односот на родителите кон неа, открива дека понекогаш ја тепале. Книгата изобилува со шокантни откритија. Меѓу другото, дека таа и сестра ѝ Кели биле силувани од дедо им кога биле девојчиња.Во 2001 ѝ била направена операција за отстранување бениген тумор на градите. Нејзиниот доктор ѝ ги зголемил градите без нејзина дозвола и знаење мислејќи дека така ќе изгледа подобро.Споменува многубројни негативни искуства со холивудските моќници, а за контроверзниот режисер Вуди Ален вели дека е исклучителен професионалец, со кој имала позитивно искуство.Во 90-тите таа стана една од најголемите холивудски sвезди благодарение на улогите во филмовите Total Recall, Basic Instinct и Casino.Книгата, објавена во Велика Британија во четвртокот, открива цврст преживувач зад имиџот на гламурозна филмска sвезда.Стоун доби статус на фатална жена (femme fatale) со трилерот „Основен инстинкт“.
Comments