Шер изненади фан со Алцхајмерова болест
Шер изненади една 60-годишна жена која е во рана фаза на Алцхајмерова болест со повик преку „Фејс тајм“. Музичката легенда споделила посебен момент со мајката на Ерика Штајнер, Робин, која има мозочна состојба предизвикана од деменција, и разговарала со неа речиси осум минути. Покрај клипот на Тик-ток, Ерика напиша на Твитер: Мајка ми има Алцхајмерова болест и е најголемиот обожавател на Шер. Па денес Шер ја изненади со повик. Какво изненадување!“ Видеото го покажува моментот кога нејзината мајка сфаќа дека Шер е на линија. Видно потресена од ова изненадување, мајката вели: „Те сакам … Не можам да го правам ова. Премногу е”. Ерика, која е во врска со аналитичарот на FOX Sports WWE, Рајан Сатен, подоцна откри дека 74-годишната поп-икона имала долг разговор со Робин и веќе размислува за начини како да ѝ приреди ново изненадување.
Comentarios