top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Червар е минато, Хрватска има нов селектор

28.01.2021 januari cetvrtok

Хрватска не се прослави на мундијалот во Египет каде не успеа да влезе ниту во нокаут фазата, па беше повеќе од јасно дека ќе има промени на селекторската позиција што беше најавено и од самиот досегашен предводник Лино Червар.

Червар беше директен и порача дека си заминува од досегашната функција, а токму денеска неговата оставка официјално беше прифатена од хрватската ракометна федерација. Меѓутоа токму Лино кој воедно е и координатор за машкиот ракомет предложи три имиња за негов наследник и тоа Хрвоје Хорват, Ивано Балиќ и Славко Голужа.

Балиќ поради тоа што немал соодветна диплома веднаш отпаднал од игра, па битката беше меѓу Хорват и Голужа за да на крајот повеќе гласови добие тренерот на Нексе.

-Му благодарам на управниот одбор за довербата. Јас сум исклучително среќен. Би сакал да и се заблагодарам на целата хрватска ракометна федерација за овие осум години работа со младите категории и како асистент на Лине Червар.

-Низ сите овие години, собрав многу искуство и знаење и верувам дека тоа ќе ми помогне да ја водам хрватската машка сениорска репрезентација. Секако, благодарам до Червар што ме предложи. Свесен сум за колкава одговорност и обврска се работи, но верувам дека можам да одговорам на сите предизвици и успешно да ја водам Хрватска, -истакна Хорват.


1 view

Commentaires


bottom of page