ЦСКА Москва на Ристовска ќе игра со Кристијансанд
15.04.2021 April Cetvrtok
РАКОМЕТ – НА ФАЈНАЛФОР-ТУРНИРОТ ВО БУДИМПЕШТА
Петкратниот шампион и актуелен европски ракометен првак Ѓер во полуфиналето на фајналфор-турнирот во Лигата на шампионите (ЛШ) во Будимпешта спроти себе ќе го има францускиот вицепрвак и дебитант во завршницата Брест, а норвешкиот првак Кристијансанд за противник го доби рускиот вицепрвак ЦСКА Москва, кој во својата прва сезона во елитното натпреварување стигна до финалниот турнир. Фајналфорот треба да се игра на 29 и 30 мај во Будимпешта. За Ѓер и за Брест полуфиналето ќе биде нивна трета средба сезонава, а седма вкупно. Сезонава тие двапати играа во групната фаза и двата меча завршија нерешено, 27-27 и 25-25. Во претходните три сезони на Брест во ЛШ се имаат сретнато уште четири пати, и тоа во сезоната 2017/2018 двапати славел Ѓер (26-17, 26-23), а во 2019/2020 првиот меч во Ѓер завршил нерешено (27-27), а во реваншот победиле Унгарките (29-28).
За Кристијансанд и за ЦСКА Москва, во чии редови игра македонското репрезентативно крило Сара Ристовска, полуфиналето ќе биде нивна прва меѓусебна средба. Норвежанките беа дел од завршниот турнир во сезоната 2018/2019, во која победувајќи го францускиот Мец стигнаа до третата позиција. Победникот на годинешниот фајналфор-турнир ќе ја имаа честа прв да го крене новодизајнираниот шампионски трофеј, кој официјално беше претставен за време на извлекувањето на полуфиналните двојки.
ПОЛУФИНАЛЕ
Ѓер – Брест Кристијансанд – ЦСКА М. мечевите се на 29 мај, а финалето на 30 мај
Comments